Ахмети бара поддршка за Беџети и Шилегов

697
0
АКЦИЈА

Блерим Беџети, кандидатот на ДУИ за градоначалник на Сарај, вчера ги запозна жителите како планира да ја исполни визијата за „економски развиен и урбанизиран Сарај“. Приоритетите на Беџети се изградба на поликлиника, ревитализација и повторно функционирање на рекреативните центри  Треска и Сарај, како и нов дом за култура.  А за овие проекти, лидерот на ДУИ, Али Ахмети е сигурен дека Блерим Беџети може да ги реализира.

„Ние имаме договор за партнерство на централно и на локално ниво со СДСМ. Политиката е интерес и ние избравме да ги заштитиме интересите на луѓето кои ги претставуваме. Ние не работиме по двојни стандарди. Тоа што го велиме, го мислиме и го правиме. Јас барам од вас да го поддржите кандидатот за градоначалник на Град  Скопје, Петре Шилегов“, изајви Ахмети.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР