Прифатени барањата на невладиниот сектор: Кандидатите велат дека ќе ги имплементираат после изборите

474
0
АКЦИЈА

На праг на локалните избори граѓанските организации од цела Македонија испратија барања до кандидатите за градоначалници за подобрување на општествената состојба во социјално економската и политичката сфера на локално ниво.

Помош за сиромашните семејства кои имаат деца во училиште, решавање на проблемот со уличните кучиња, нови зелени површини и развивање на велосипедскиот сообраќај беа само некои од нивните барања.

Со потпишувањето на наведените барања, граѓанскит организации од кандидатите за градоначалници бараат да се формираат мешани работни групи од општинската администрација и организациите за да се изнајдат решенија за имплементација на барањата.

Сите овие активности ќе подлежат и на граѓански мониторинг, а целиот овој процес ќе биде поддржан од Фондацијата Фридрих Еберт во периодот до крајот на мандатите на градоначалниците.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР