Петре Шилегов ќе слуша граѓански иницијативи

29
0
АКЦИЈА

Кандидатот за градоначалник на град Скопје од редовите на СДСМ, Петре Шилегов, денешниот ден го искористи, да оствари разговори со граѓани и здруженија на граѓани и да ги слушне нивните мислења. Тој додаде и дека фокусот ќе го стават и на месните заедници, за локалното население да има каде да побара помош за одреден проблем.

„Градот Скопје и општините во градот Скопје, мора да создадат систем на локална самоуправа во кој ќе ја вратиме концентрацијата кон месните заедници, кон локалното население. Нив ги опремуваме со современа опрема, со цел граѓаните, во нив да имаат свртилиште и да имаат како да ги формализираат своите барања. Нудиме брза и транспарентна услуга, граѓаните да можат и во тие канцеларии на едно место да ги завршат своите потреби и за локалната власт и за централната власт“, соопшти Шилегов.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР