Таравари: Ќе ја ослободиме општината

434
0
АКЦИЈА

Алијансата за Албанците наредната средба со граѓаните ќе ја оствари во Кичево. Додека вчера оваа партија имаше собир во Гостивар. Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар, Арбен Таравари рече дека граѓаните се чувствуваат заканувани и загрозени од страна на бандата на Невзат Бејта и ДУИ. Тој бара поддршка од страна на граѓаните со цел на 15 октомври, како што вели тој, да ја ослободи општината од лошото актуелно владеење. Таравари рече дека ќе го врати Бејта да ја продолжи својата стара професија како професор во гимназија.

„На 15 октомври многу е важно да победиме, не за друго туку само да ја ослободиме општината. Сите граѓани на Гостивар да се чувствуваат слободни. Утре да можат на идниот градоначалник Арбен Таравари да му кажат дека повеќе нема да го гласаат, затоа што не направил одреден проект кој го ветил. Да бидат слободни,  а не како до сега, кога се плашеа од закани“, порача Таравари.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР