Слепите и лицата со оштетен вид ќе гласаат самостојно користејќи го брајовото писмо

390
0
АКЦИЈА

Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово, одржа средба со слепите, лицата со оштетен вид и нивните семејства каде ги информираа дека оваа категорија граѓани на овие локални избори самостојно ќе можат да гласаат користејќи го Брајовото писмо.

– Цела година работевме на оваа проблематика и бевме упорни, токму за гласачкото право на лица со оштетен вид, бидејќи тие досега воопшто не гласаа, гласаше некој друг за нив и нивната тајност на гласање беше целосно нарушена, баравме правото на глас да го оставураат самите лица со ошететен вид.

Оваа категорија на граѓани овој пат самостојно ќе го оствари правото на глас, односно ДИК по нашата препорака започна со подготвка на шаблон односно папка на Брајово писмо каде што на предната страна ќе го пишува сето она што го содржи гласачкото ливче, изјави Благица Димитровска од Здружение „Инклузива “ Куманово.

Појасни дека поголемиот број од лица со оштетен вид не го знаат Брајовото писмо и за тие лица папката од кај што се броевите ќе биде со отвори така што лицата со оштетен вид со допир ќе може да ги изброи да заокружи. Упатството е издадено од ДИК и е прикачено на нивната официјална страна, информираа од Здружението.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР