ДУИ вечерва во Сарај

348
0
АКЦИЈА

Кандидатот на ДУИ за градоначалник на општина Сарај, Блерим Беџети, денеска ја претстави неговата изборна програма, како што рече, за еден Сарај кој ќе биде економски развиен и урбанизиран.

Како приоритетни проекти, Беџети го одвои изградбата на поликлиниката, ревитализација и повторно функционирање на рекреативниот центар кај езерото Треска, изградба на дом за култура, повторно функционирање на рекреативниот центар Сарај итн. Оваа програма кандидатот на ДУИ, Беџети, вечерва ќе ја презентира пред жителите на Сарај, и ќе ја побара нивната поддршка и гласови.

„За овој мандат нудам програма за судбината на новата генерација, за судбината на нашите деца и семејства. Столбовите на оваа програма ќе бидат: локалниот економски развој, општинската инфраструктура, образованието, културата и спортот, здравството, социјалната политика, животната средина, земјоделието, енергетиката“, истакна Беџети.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР