Според професорот Калајџиев, судењето за „Монструм“ треба да се врати назад

493
0
АКЦИЈА

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев изјави дека нема никакви сомневања дека треба да се врати назад судењето за случајот „Монструм“. Посочи дека ова е еден од случаите што покажува дека во кривичното право сепак има и други тешки ситуации во тој баланс на идејата да се заштити општеството, но да се заштитат и осомничените од неосновано гонење и од нефер постапка.

Прашан дали треба таквите судења да бидат јавни, Калајџиев рече дека јавноста е еден елемент што заштитува од монтирани процеси и гарантира дека има фер судење, дека навистина ќе се разгледаат сите аргументи и докази во постапката и тоа е сериозна гаранција.

Инаку, професорот Калајџиев денеска учествуваше на научна расправа „Двојба во корист на обвинетиот-виновен надвор од разумно сомневање“, која се одржа во Скопје во организација на Здружението за кривично право и криминологија на Македонија и ОБСЕ Мисијата во Скопје

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР