На кого Панчевски давал службени тајни?

2575
0
АКЦИЈА

Специјалното обвинителство ги анализира предметите кои што беа одземени во текот на вчерашниот ден од канцеларијата на екс претседателот на скопскиот кривичен суд Владимир Панчевски. Обвинителството го сомничи Панчевски дека давал службени тајни на лица кои не се вработени во судот, но дали меѓу нив е и шефот на државата Ѓорѓе Иванов, Јанева не сакаше да одговори.

Пет часа во текот на вчерашниот ден тим од Специјалното обвинителство вршеше претрес на канцеларијата на Панчевски и уште двајца вработени во информатичкиот сектор во Кривичниот суд. Неофицијалните информации беа во насока дека се злоупотребувал судскиот компјутерски систем за распоредување на предмети кај судии. Екс претседателот на судот, Панчевски ниту денеска е достапен за одговор на наводите на СЈО и покрај обидите на ТВ 21 да стапи во контакт со него.

„Од синоќа и денеска се составуваат записници. Се што е земено ќе биде доставено до обвинителството, а за тоа ние сме должни по закон да го известиме и судот кој ја издаде наредбата. Откако ќе бидат преземени од наша страна тие докази, или тие средства кои се пронајдени кај нив, ќе бидат анализирани, и ќе бидат предмет на истражување во нашите предмети.“, вели Јанева.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР