Села: Во Долнени и Крушево да не исчезне албанскиот јазик

494
0
АКЦИЈА

Алијанса за Албанците, вчера одржа митинг во село Житоше на општина Долнени, каде претседателот на оваа партија, Зијадин Села, им порача на жителите да го подржат кандидатот на неговата партија за градоначалник, Зекирија Јусуфи и исто така од нив побара да гласат за листата на кандидати за општински советници од Алијанса за Албанците, за општина Крушево.

Сеља рече дека сега е време за нова политичка ера по неуспехот на  ДУИ во имплементирањето на Рамковниот договор. Според него, централната власт собира 30% од данокот, а во форма на инвестиции на општините им дели само 3% од овие средства.

„Доколку 15 години се зборуваше за потребата од донесувањето на законот за употреба на албанскиот јазик и член кој им на министрите право да зборат на албански јазик во парламент, Алијанса за Албанците направи да се донесе закон кој ќе им овозможи на албанските граѓани да зборуваат на албански насекаде низ државата, од Владата и Собранието па се до централните и локалните институции“, истакна Села.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР