Реџепи од Беса: Ќе го развиеме руралниот туризам

518
0
АКЦИЈА

Претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, денеска ги посети претставниците на месната заедница на Мала Речица, барајќи го нивниот глас за градоначалник на Тетово.

Од друга страна, кандидатот на ова партија за градоначалник на општина Врапчиште, Реџеп Реџепи одржа средби со жителите на селото Топлица и Неготино.

Тој изјави дека ќе го стимулира локалниот економски развој, а ќе ги фаворизира и малите и средните претпријатија со цел вработување на младите кои живеат во овие села.

„Предност ќе има земјоделство и сточарството а ќе отвораме и центри за информирање на жителите како полесно да дојдат до ИПА-фондовите. Имаме услови и планински простор за развој на руралниот туризам. Ќе нудиме и брзи општински услуги а предност во нашата општина ќе има и јавната чистота како и заштитата на животната средина“, истакна Реџепи.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР