Темелковски ќе ја развива културата во Кисела Вода

365
0
АКЦИЈА

Иако Општината Кисела Вода во изминатите четири години беше водена од културен работник, ние културно назадувавме, вели кандидатот на СДСМ, Филип Темелковски.

Тој вели дека во неговата програма предвидува инфраструктурни проекти и проекти кои ќе ја стават културата како препознатлив белег на општина Кисела Вода. Планира доградба и довршување на изградбата на домот за културата во село Драчево.

„Како општина ќе се залагаме за целосна промоција на културата за сите од 7 до 77 години. Затоа во нашите културни домови ќе организираме изложби, театарски претстави, претстави за најмладите но и за нашите пензионери“, вели Темелковски.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР