Коѕијас од Солун: Треба да се најде заеднички компромис

463
0
АКЦИЈА

Проблемите се присутни на Балканот и треба да се најде решение за нив, смета грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас.

На вчерашната квадрилатерална средба во Солун, Коѕијас истакна дека Грција некогаш во минатото била арогантна, но сега работи на интеграција на регионот во ЕУ и НАТО. Тој вели дека мора да се работи во насока на наоѓање заеднички компромис и потенцираше дека државите и луѓето не треба да се плашат од овој збор.

„Овие компромиси не треба да бидат неуспешни, затоа треба да бидат базирани на принципите на меѓународното право, на предусловите кои ги постави Европската унија за взаемна доверба и пријателство“, вели Коѕијас.

Можеби не суштинско, но иритирачка е праксата на грчките царински служби да лепат налепница со ознаката ФИРОМ, на возилата со македонски регистарски таблички при влезот во земјата. За овој проблем во текот на вчерашниот ден информираше ТВ21, а со него го запознавме и министерот Димитров, кој рече дека за ова ќе разговара со неговиот грчки колега.

„Реалноста е дека имаме разлика и имаме различни погледи во однос на тоа прашање, ќе има процес кој ќе се обиде таа разлика да ја затвори и да ја реши, така што ова не треба да не чуди. Тие имаат едно гледање, ние имаме друго гледање, можам тоа да го отворам но никој не ми го постави баш сега. Можам тоа да го отворам меѓутоа различно приоѓаме на тоа прашање“, додава Димитров.

Одговарајќи на новинарско прашање дали, како што објавија дел од грчките медиуми, дека Атина освен името на Македонија оспорува и други прашања како што се јазикот и нацијата, Коѕијас изјави дека со никого не разговарал што друго е поврзано со спорот.

Меѓутоа и шефот на македонската дипломатија и премиерот Заев изјавија дека не се подготвени да преговараат за идентитетот на македонскиот народ.

Антонио Крстевски

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР