Од 260 кандидати за градоначалници, само 15 се жени

709
0
АКЦИЈА

Од вкупно 260 кандидати за градоначалници за 80 општини во Македонија, на овие локални избори само 15 од нив се жени. Даниела Димитриева од невладината организација „Македонското женско лоби“ вели дека бројот на жени кандидатки за градоначалнички е засрамувачки.

Од друга страна, пак, Даниела Рангелова од клубот на пратенички, истакна дека бројот на жени кандидатки за градоначалнички ја исполнува потребната квота.

Директорот на Национален демократски институт, Крис Хеншоу, истакна дека од теренското истражување, на 60 отсто од граѓаните не ги интересира од кој пол е градоначалникот на општината.

„Во 2005 година имавме 3 градоначалнички, во 2009 година немавме ниту една, а во 2013 имавме 4 градоначалнички. Се сеќавам дека неколку пратеници, ми кажаа дека тоа е прогрес. Да имаме само 4 градоначалнички од вкупно 85 општини не е никаков прогрес“, истакна Хеншоу.

Во клубот на пратеничките, денеска беа претставени женските кандидатки за градоначалници, кои порачаа дека сега е време Македонија да го следи примерот на Европа.

Доколку се гледа бројот на жени кои се предложени за градоначалнички според политичките партии, СДСМ има 6 од вкупно 70, ВМРО-ДПМНЕ има 4 од вкупно 64, ДУИ има 1 од вкупно 18 предложени кандидати, Движење Беса има 1 од 20, Левица има една, а на овие избори има и независни кандидатки за градоначалничката позиција.

Бајрам Мемети

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР