Претседателот на ПССЕ поднесе оставка

30
0
АКЦИЈА

Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), шпанскиот сенатор Педро Аграмунт денеска поднесе оставка на функцијата.

Оставката на Аграмунт доаѓа само три дена пред седницата на ПССЕ на која требаше да се расправа за негово разрешување од должноста.

– Донесов одлука повеќе да не бидам претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа поради лични причини, објави Аграмунт на својот налог на Твитер.

Аграмунт, кој беше избран за преседател на ПССЕ во јануари 2016 година, беше изложен на критики од страна на членови на Собранието, поради неговата контроверзна посета на Сирија во март годинава.

Тој на покана на претседателот на сирискиот Парламнет, Хадија Халаф Абас на 20 и 21 март престојуваше во посета на Сирија, придружуван од неколкумина членови на ПССЕ и руски пратеници. За време на посетата, Аграмунт се сретна и со сирискиот претседател Башар ал Асад, што наиде на жестоки реакции и критики од страна на членки на Советот на Европа.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР