Германец со експлозив во багажот се обидел да се качи во авион во Шведска

40
0
АКЦИЈА

Германски државјанин е уапсен денеска на аеродромот во шведскиот град Гетеборг, затоа што се обидел да се качи на авион носејќи експлозив во својот багаж.

Германецот, чиј идентитет не е соопштен, бил откриен за време на рутинската безбедносна проверка, јави локалниот весник „Гетеборгс Постен“.

Шведската полиција откри само дека авионот на кој човекот се обидувал да се качи требало да отпатува за друга држава членка на Европската Унија, како и дека станува збор за „млад човек во третата декада од животот“.

Откриениот експлозив е трипероксид или ТАТП, истиот вид кој беше користен од напаѓачот кој уби 22 посетители на концертот на Аријана Гранде во Манчестер во мај годинава.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР