Орбан: Заканата на ЕУ за правни дејства е смешна

335
0
АКЦИЈА

Правните последици со кои Европската комисија и се закани на Унгарија поради законот за финансирање од странски организации. се смешни, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

– Оддалеку можете да го почувствувате политичкиот опортунизам. Ако ги сфатиме сериозно и ние ќе станеме смешни, изјави Орбан во редовното неделно интервју за државното радио.

Европската комисија завчера ја започна втората фаза од правната процедура против Унгарија, поради спорниот закон, за кој Брисел тврди дека пректшува неколку правила на ЕУ. Еврокомисијата ги започна правните мерки против Унгарија во јули годинава, веднаш по влегувањето во сила на Законот за невладини организации.

Нормативниот акт ги обврзува невладините организации кои добиваат директно или индиректно странско финансирање над 24.000 евра да се регистрираат како „граѓански организации финансирани од странство“.

Европската комисија објави „аргументирано мислење“ во кое се наведува нејзината загриженост во врска со законот и ја повика Унгарија да се придржува кон европските регулативи за ова прашање.

Официјална Будимпешта има еден месец да се изјасни за барањето. Во спротивно, Еврокомисијата може да ја тужи Унгарија пред Судот на ЕУ, кој има право да воведе казнени мерки.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР