Коѕијас за спорот со името: Не сум кажал дека спорот е поврзан со јазикот

1525
0
АКЦИЈА

Одговарајќи на новинарско прашање дали, како што обавија некои грчки медиуми, грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас рекол дека Атина освен името на Македонија оспорува и други прашања како што се јазикот и нацијата, Коѕијас со став дека со никого не разговарал за проблемите со името или со било што друго поврзано со името.

Тој признава дека Грција се однесувала арогантно кон земјите во регионот во 90-те години, но извлекла поука и се свртела кон градење доверба. Оцени дека односите меѓу земјите во регионот сега се многу поодбри отколку што се перцепира во јавноста.

„Се уште не сме започнале, но се надевам дека ќе имаме значителен напредок во однос на проблемот со името и се што е поврзано со него. Никогаш не сум зборувал за тоа со што се е поврзано со името, јазикот или други проблеми. Не сум зборувал за тоа“, истакна Коѕијас.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР