Иран успешно ја тестираше својата нова ракета со дострел од 2000 км

343
0
АКЦИЈА

Иран успешно ја тестираше новата балистичка ракета Хорамшахр со дострел од 2000 километри и со способност да носи неколку конвенционални боеви глави, со што може да погоди неколку цели истовремено, јавија западните агенции, повикувајќи се на Иранската државна телевизија.

Новата ракета беше прикажана вчера,  за време на воена парада во иранската престолнина Техеран. Кога точно се случила пробата не е соопштено, а  државната телевизија покажа  само кадри од тестирањето. Потоа, беа покажани и снимки од внатрешноста на ракетата.

Веста за ракетното тестирање доаѓа во тензичен момент меѓу Иран и САД во врска со иранската нуклеарна договор, која е остро критикувана од американскиот претседател Доналд Трамп.

Иран  веќе поседува две ракети – Гадр-Ф и Сеџил кои имаат дострел од 2000 километри и се способни да го погодат Израел, но исто така, можат да стигнат и до американските бази во регионот.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР