Ставрев ќе го суди дербито помеѓу Пелистер и Вардар

24
0
АКЦИЈА
Дербито на седмото коло од Првата фудбалска лига што во недела (24 септември) ќе го играат Пелистер и Вардар на стадионот под „Тумбе кафе“ во Битола ќе го суди интернационалецот Александар Ставрев.
Него ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, додека четврти судија е Марјан Смилкоски. Помошници зад головите ќе бидат Константин Влахо и Кирил Смоковски.
Дуелот на Националната Арена „Филип Втори“ меѓу Работнички и Академија Пандев ќе го суди Димитар Мечкаровски, а главен судија на натпреварот Ренова – Шкупи ќе биде Стојанче Стојанов.
Во Кратово Марјан Стојановски е одрден да го суди дуелот Силекс – Победа, додека натпреварот Скопје – Шкендија ќе го суди Васко Мавров.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР