Червар: Оваа екипа може чекор понапред без разлика на резултатите

348
0
АКЦИЈА

Иако ракометарите на Металург имаат два порази во низа, сепак тренерот на тимот од Автокоманда, Лино Червар верува дека оваа млада екипа може да направи и подобри резултати во периодот кој претстои.

-Мора да имаме самодоверба и агресивна одбрана, ако сакаме повеќе. Како млада екипа имаме доста можности за напредок, но се се врти околу две работи – квалитетната одбрана, која може да ни донесе брзи голови. Немаме време за плачење, мора да играме. Оваа екипа може и да направи чекор напред оваа сезона, без разлика на резултатите, изјави Червар на денешната средба со медиумите.

Македонскиот вицепрвак Металург загуби од Монпелје во 1.коло од Лигата на шампионите, а вчера беше поразен и од Војводина во СЕХА конкуренцијата. Сепак, Червар гледа шанса за прв триумф оваа сезона во елитата лига и тоа веќе во недела кога во рамките од 2.коло на Лигата на шампиони, во Скопје гостува турскиот првак Бешикташ.

-По двата порази видовме многу работи кои треба да ги поправиме. Ова е важен меч за нас, играме прво со Бешикташ, а потоа следи дуел со Спортинг. Не чекаат тешки наптревари, мора да бидеме пофокусирани. Монпелје ни даде слика во што сме во дефицит и што треба да поправиме. Мора да играме подобра одбрана и да бидеме помоќни во колективната игра, дополни хрватскиот стручњак.

Натпреварот меѓу Металург и Бешикташ се игра в недела од 17 часот, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР