Законот за јазици на пленарна, ВМРО-ДПМНЕ ја блокираше говорницата на Џафери

750
0
АКЦИЈА

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собрание вербално се судрија со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Илија Димовски побара да се повлече предлог- законот за употреба на јазиците од дневен ред на пленарната седница.

По неколку минути дискусија меѓу Талат Џафери и Илија Димовски, пратениците од опозицијата се вратија на своите места , со ветување за  пауза. Димовски побара јавна дебата за законот за јазиците, бидејќи според него доколку се усвои, законот ќе биде против Уставот, законите и Деловникот.

Пратениците од парламентарното мнозинство велат дека предлог законот се базира на петтиот амандман од Уставот, кој до сега не е целосно спроведен. Зелено светло за Законот за употреба на јазиците, по прво читање, минатата недела даде Комисијата за европски прашања.

Пратениците ја усвоија само првата точка од дневниот ред, одлуката за објавување на конкурсот за избор на членови на ДИК , по што поради партиски обврски околу локалните избори, претседателот  Талат Џафери ја прекина седницата и најави продолжение за утре.

Зимер Јашари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР