Странските инвеститори добиле 225 милиони евра, работно место чини 11 илјади евра државни пари

775
0
АКЦИЈА

Во периодот од 2007 до мај годинава, по основ на  странски директни инвестиции државата потрошила 225 милиони евра  народни пари, а странските бизнисмени добивале грантови во готовина и даночни олеснувања. Според владиниот портпарол Миле Бошњаковски, во оваа сума се вклучени и трошоците за привлекување на странските инвеститори, а според податоците, во земјава влезени се 25 компании со странски капитал, во кои се вработиле 20 илјади лица.

Спорно, според Бошњаковски е тоа што не станувало збор за ново отворени работни места, туку 70 проценти од кадарот бил  земен  од други фирми. Според пресметките, едно работно место чини 11 илјади евра.

Даночните олеснувања кои ги уживале инвеститорите од странство се во вредност од 69 милиони евра. Дополнително, набавките на странските инвеститори од македонските добавувачи биле во вредност од само еден процент од нивните вкупни набавки.

Власта се обидува да ја дефокусира јавноста, а особено да им се нанесе штета на странските инвеститори, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Пресметките се неточни, вели поранешниот заменик министер за економија Христијан Делев.

Од Владата засега не објавуваат детали за секоја компанија поединечно. Но иако договорите со странските инвеститори според власта се штетни за државата, тие ќе бидат во целост испочитувани, изјави Бошњаковски. Тој најави дека деновиве подетално ќе ги сподели и информациите за привлекувањето на странските инвеститори, преку рекламирањето и роуд шоуата на екс-владините министри и премиерот, за што се потрошени 130 милиони евра народни пари.

Иле Петревски

 

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР