Виенски институт за економија: Македонија ќе ја стигне Европа за 30 години

627
0
АКЦИЈА

 

 

Македонските граѓани ќе го достигнат европскиот стандард на живот за 30 години, доколку во наредните години има раст на Бруто домашниот производ за 4 проценти, а растот во ЕУ ќе биде 2 проценти, пресметал Виенскиот институт за меѓународни економски студии. Премиерот Зоран Заев пак со оптимизам изјави дека нема да се чека 30 години, туку Владата ќе го зголеми учеството на извозот за да има побрз економски раст.

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев изјави дека извозот има огромно значење, бидејќи според него, Македонија е мала држава и има мала економија која мора да биде ориентирана кон извоз.

Анѓушев најави дека утре во Владата ќе бидат претставени мерките за поддршка на економијата кои имаат три столба. Тој упати апел до сите компании да инвестираат што повеќе, бидејќи колку повеќе инвестираат, толку повеќе ќе ја имаат поддршката на Владата.

Според студијата на Владимир Глигоров од Виенскиот институт за меѓународни економски студии главните проблеми изминатите 30 години се невработеноста која е траен проблем, нестабилноста и нискиот извоз.

Арменд Мурсели

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР