Жерновски се повлекува од трката за Центар, преминува во СДСМ и добива висока државна функција

1366
0
АКЦИЈА

Актуелниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, се откажува од трката на локалните избори за сметка на висока функција во централната власт. Жерновски, информацијата ја објави на својот „Фејсбук“ профил, а во неа стои дека во договор со премиерот Зоран Заев, одлучил и да стане дел од СДСМ. Во статусот првиот човек на Центар им се заблагодари на сите жители на општината за поддршка која му ја давале изминатите 4 години.

Повлекувањето на Жерновски од позицијата градоначалник и одлуката да не се трка за нов мандат во Центар, ја најави и премиерот Заев во синоќешното интервју на ТВ 24.

Извори од Бихаќка за ТВ 21 велат дека најверојатно кандидат кој ќе ја предводи СДСМ и коалицијата на локалните избори во Центар ќе биде актуелниот директор на Паркинзи, Саша Богдановиќ. Инаку последните информации говорат дека локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври, ќе ги набљудуваат 300 краткорочни и 20 долгорочни набљудувачи од ОБСЕ.

Според  информациите сѐ уште се дискутира и за советничките листи со кои ќе настапи партијата, а крајниот рок за нивно поднесување до Државната изборна комисија истекува утре на полноќ.

Антонио Крстевски

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР