Евростат: Зголемен бројот на вработени на ниво на ЕУ

334
0
АКЦИЈА

Бројот на вработени лица се зголемил за 0,4 проценти во Европската унија и во Еврозоната во вториот квартал од оваа година, во споредба со претходниот квартал, објави Европската канцеларија за статистика.

Во првиот квартал од 2017 година, вработувањата се зголемиле за 0,5 проценти и во ЕУ и во Еврозоната, при што овие бројки се сезонски прилагодени.

Во споредба со истиот квартал од 2016 година година, вработувањата се зголемиле за 1,6 отсто во Еврозоната и за 1,5 проценти во Унијата во вториот квартал од 2017 година. Притоа, Евростат проценува дека во вториот квартал од 2017 година, 235,4 милиони мажи и жени биле вработени во Европската унија, од кои 155,6 милиони биле во Еврозоната.

Меѓу земјите-членки на ЕУ за кои се достапни податоци за вториот квартал од 2017 година, Малта има зголемување на вработеноста од точно еден процент. Потоа следат Шпанија со 0,9 отсто, Грција и Полска 0.8 проценти и тоа се земјите што забележаа највисока стапка на зголемување на вработеноста во споредба со претходниот квартал.

Спротивно на тоа, намалувањето на вработеноста е забележано во Хрватска од минус од 0,8 проценти, па следат Летонија (0,7), Романија (0,6) и Естонија (0,5).

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР