Кој бил човекот што го одржувал Адолф Хитлер во живот за време на Втората светска војна?

528
0
АКЦИЈА

Кога нацистичката војска во 1940 година се подготвувала да ја нападне Франција, голем дел од војниците имале еден голем проблем: заморот.

Воените команданти, тогаш на војниците почнале да им нудат „решение“. Тие консумирале Первитин, нацистичка верзија на кристал-мет во форма на апчиња кои се делеле еднаш дневно и двапати во текот на ноќта.

„Со тоа војниците останувле будни по три дена и три ноќи. Сите заповедници беа дрогирани постојано“, пишува Норман Олер во својата книга „Блицед“.

Освен војниците, и главниот човек на Германија во тој период, Адолф Хитлер добивал инјекции со оксикодон, наркотик сличен на морфиум и консумирал и кокаин додека била војната.

„Тие последни денови во бункерот, го опишуваат лошото здравје на Хитлер. Се претпоставува дека станува збор за Париксонова болест. Истовремено ја губеше војната и поминуваше низ криза за откажување на дрогата“, се додава во книгата.

Во еден период, Хитлер останал без тоа што го држело во живот. Одеднаш станал кревок со здравјето, исплашен и излгедал прилично бедно. Тој имал проблеми и со варењето на храната.

Морел бил човекот кој во тие тешки мигови за Хитлер му понудил препарат со бактерија, кој го балансира варењето на храната.

Тоа во една ситуација во 1941 година, го кренало Хитлер од смртна постела за брзо време. Морел не направил никакви злосторства и бил еден од ретките луѓе во кои Хитлер ја имал целосната  доверба.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР