Вучиќ: Србија досега немаше политика за Косово

335
0
АКЦИЈА

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека Косово е суштината на политичката сегашност и иднина на Србија, но оти Белград досега само кажувал што не сака, а немала никаква политика во врска со ова прашање.

– Од октомври почнува нова фаза во дијалогот. Неопходно е тој да биде институционализиран и да се одржат многу широки консултации. Тој дијалог треба да се спорведе на повеќе нивоа, преку концентрични кругови, да биде сериозен, одговорен, да имаме јасни цели и да биде инклузивен и толерантен, рече Вучиќ во обраќањето на вонредна прес-конференција во Белград.

Тој најави и дека ќе биде објавен извештај за досегашниот тек на преговорите за Косово, во кој ќе бидат презентирани резултатите од разговорите во изминативе три години, како и сите потези што ги презела Србија во врска со косовското прашање од 1998 година.

– Кога ќе го погелденте тоа, ќе можете да видите колку е сложена нашата модерна историја и колку промашувања имало тука, додаде Вучиќ.

Тој потенцира дека резултатите во дијалогот што Белград го води со Приштина со посредство на Брисел се постигнати по тешки преговири.

– Дали некој од вас смета дека некогаш ми било убаво кога ќе седнам со Тачи, Могерини, Кетрин Ештон? Не се сеќавам на ниту еден убав момент. Веќе имам Павлов рефлекс. Секогаш чувствувам мачнина кога ќе ме повикаат од Брисел, бидејќи знам дека ништо убаво нема да се случи, додаде Вучиќ.

Тој нагласи дека ја поддржува одлуката на Српската листа да влезе во новата косовска Влада, но дека Србија не го менува своето мислење за косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР