Промоција на книга од академик Нада Поп-Јорданова

391
0
АКЦИЈА

Во Паркот на книгите вечер од 19 часот ќе биде промовирана најновата книга од академик Нада Поп-Јорданова „Пораки за животот, здравјето, проблемите…“.

Како што објави издавачот „Матица“, авторката во ова дело отвора многу прашања актуелни за современото живеење и воедно дава едноставни, конкретни и концизни одговори.

– Како да ја развиеме емоционалната интелигенција кај младите, дали перфекционизмот е болест, за синдромот на недостиг на внимание, за семејното функционирање, за несоницата на нашето време, дали стравот е само одбрана или…, како да го подобриме емоционалното здравје…. Книгата е наменета за децата и младите, за возрасните и за старите, соопшти „Матица“.

Академик Нада Поп-Јорданова работниот век го помина како професор по медицина, медицинска психологија и етика, невропсихологија и развојна психологија на Клиниката за детски болести во Скопје.

Автор е на тринаесет книги од областа на медицината, како и на бројни статии објавени на повеќе странски јазици. Член е на Светската, Европската и на Њујоршката академија за наука, а за редовен член на МАНУ е избрана во 2012 година.  За својата долгогодишна педагошка и научна дејност добитник е на национални и меѓународни признанија.

Книгата  „Пораки“ ќе ја промовира академик Катица Ќулафкова. 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР