Камера сокриена во приврзок пренесува видеа во живо

358
0
АКЦИЈА

Американската технолошка компанија Ubiquiti произведе камера која е сокриена во тркалезен приврзок за ѓердан. Камерата се вика FrontRow и има големина на паметен часовник, а со помош на апликација се поврзува со мобилен телефон. Тркалезниот екран е прилагоден и осетлив на допир, а импресивната батерија овозможува пренос на долги спортски настани.

Приврзокот има две камери. Главната камера има 8 мегапиксели и снима со агол од 140 степени, додека втората камера има 5 мегапиксели и снима со агол од 85 степени.

И двете камери снимаат со максимална резолуција од 2.7K, а вообичаената резолуција е 1080p. Од Ubiquiti тврдат дека со континуирано снимање може да се снима максимално 2 часа, додека доколку се снимаат пократки видеа може да се снима до 16 часа.

Исто така, оттаму велат дека камерата поддржува емитување видеа на Twitter, Facebook и на You Tube, а се интегрира и со сервиси како што се Dropbox, Spotify и други, веројатно поради чувањето датотеки и репродуцирањето музика.

(Mashable)

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР