Кондово во пламен, мештаните во паника, противпожарните екипи се борат со огнената стихија

1037
0
АКЦИЈА

Огромни пламени јазици стигнаа до куќите во Кондово, во околината на Скопје. Мештаните вознемирени ја следат состојбата, а некои од нив заминаа од своите домови.

Оџата од селото ги повика мештаните да се смират, колку можат да помогнат и да го ослободат патот за противпожарните возила.

Влезот на Скопје од западната страна кон Ѓорче Петров е целиот во чад, а пепел паѓа врз колите што се движат на обиколницата.

Огнот го гасат девет противпожарни возила. Поради ветерот  гасењето е отежнато.

Екипата на ТВ 21 е на местото на пожарот и го следи гасењето во живо.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР