БЕСА сè уште нема одлучено како ќе гласа за предлог – законот за употреба на јазиците

518
0
АКЦИЈА

Движење Беса, сè уште нема одлучено како ќе гласа за предлог-законот за јазиците кој предвидува проширување на употребата на албанскиот јазик. Пратеникот од ова партија, Зекирија Ибрахими, вели дека сè уште се анализира предлогот, кој според него не значи официјализрање на албанскиот.

ВМРО-ДПМНЕ, инсистира дека законот е против Уставот. Иако по изборите, лидерот на партијата, Никола Груевски, рече дека неговата партија треба да ја смени политиката во однос на другите етнички заедници, партијата не е подготвена да гласа за Уставни измени, кои ќе им овозможат изедначување на статусот на албанскиот со македонскиот јазик.

Пред  Владата да го усвои  предлог законот за употреба на јазиците, пратеникот Илија Димовски од на ВМРО-ДПМНЕ, тврдеше дека нема ништо против албанскиот јазик, и дека тие самите ќе предложат таков закон.

За одредбата, јазикот кој што го зборуваат 20 отсто од граѓаните, да се користи и на униформите на полицијата, пожарникарите и здравството, се чека стручно мислење од Венецијанската Комисија.

Зимер Јашари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР