Миноски во „10 минути“ : Не стравувам од ревизија на СДСМ, работев чесно

760
0
АКЦИЈА

Пари во државната каса има бидејќи буџетот се троши според зацртаната динамика, вели за тв21 министерот за финансии во заминување Кирил Миноски. Добар дел од земјоделците веќе ги имаат добиено и ветените пари за субвенции по одлуката на Уставниот суд. Миновски ги отфрла обвинувањата од страна на дел на бизнисмените дека државата доцни со повратокот на ДДВ  како и со исплатата на фирмите кои извршиле работи за дел од јавните и државните институции. Македонија се уште важи за средно задолжена земја, па така министерот смета  дека состојбата не е алармантна. Миноски смета дека  како министер за финансии бил успешен во работата.

„Буџетот на Република Македонија се наоѓа во одлична кондиција дека истиот е ликвиден и се подмируваат сите обврски кои се доспеани и налози кои доаѓаат се исплаќаат со една одлична динамика. Долготрајната политичка криза безминовно влијае врз растот на БДП и економијата и тоа е сосема разбирливо затоа што економијата не базира само на егзакни феномени туку и на психологија. Кризата влијае и на однесувањето на потрошувачите но влијае и на инвеститорите од тој аспект е нејзиното негативно влијание врз економијата“, изјави Миноски.

Иле Петревски

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР