Кога Врховен ќе одлучува за „бомбите“?- СЈО ги бара телефонските броеви, прислушувани преку УБК

472
0
АКЦИЈА

Уште не се знае кога Врховниот суд ќе одлучува дали прислушуваните телефонски разговори ќе бидат земени како докази во кривична постапка. Продолжението на седницата која почна на 11 април се одложи, како што е соопштено поради боледување на неколкумина од судиите. Врховниот судија Џемали Саити  денеска не го отфрли новинарското прашање, како што вчера тоа го стори претседателот на судот Јово Вангеловски, тврдејќи дека не е тема на денот, туку рече дека засега немаат информација.

Додека се чека одлуката од Врховниот суд, Специјалното јавно обвинителство проби уште една бариера во неговата работа – конечно успеа да оствари средба со дел од раководните луѓе во Македонски Телеком , компанија за која верува дека крие многу од тајните за аферата – прислушување во Македонија.  Од тоа што дознавме, СЈО бара увид во логовите, за броевите што поминале низ компјутерскиот систем на Управата за безбедност и контраразузнавање, за да бидат следени. Според, поранешната судијка во Судот за човекови права во Стразбур , Маргарита Цаца Николовска, пристапот на СЈО во Телеком е добар чекор кон обелоденување на незаконските преслушувања.

Во врска со тоа дали веќе објавените прислушувани разговори да се земат како доказ во кривична постапка, Цаца Николовска вели дека тоа во судот во Стразбир е пракса. СЈО досега четири пати побарале судски налог за увид во системот на Македонски телеком, но судот постојано одбивал. Откако специјалното обвинителство се обратило до повисоки структури во компанијата Дојче Телеком, под чија капа е македонскиот оператор, вратите на Македонски Телеком се отворија за специјалните обвинители.

Бајрам Мемети

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР