Владеењето на правото со лоша оценка – Половина од граѓаните сметаат дека судството не е по ЕУ-Стандарди

376
0
АКЦИЈА

8 од 10 испитаници сметаат дека реформите во правосудството се важен предуслов за пристапување на Македонија кон Европската Унија. Симонида Кацарска, директорка на Институт за Европска Политика, воедно и на Проектот Мрежа23+, кој се однесува на примена на европските стандарди во судството за евентуално зачленување во ЕУ , вели дека 80 отсто од анкетираните  сметаат дека ова е исклучително важна тема за пристапување  во ЕУ.

„Проблем во спроведувањето на поглавје 23 ќе има, тоа е клучно поглавје кое што ја постави Европската Унија уште во својот нов пристап во 2010 година за пристапувањето. 50% од граѓаните ценат дека правосудниот систем не е подготвен за влез во ЕУ, значи имаме доста веројатно реална слика, меѓутоа ценат исто така дека е приоритет за реформите на владата за ЕУ, што значи дека има простор за работа и треба да се работи за подобрување на таа област“, изјави Симонида Кацарска, институт за европска политика.

Уранија Пировска од Хелсиншки Комитет за човекови права, организација исто така вклучена во истражувањето, но во делот за човековите права во земјава, вели дека мислењето на испитаниците е поделено. Односно дека 34 отсто одговориле дека ситуацијата со почитување на  човековите права во Македонија е лоша, додека 30 отсто сметаат спротивно – дека е добра.

„На прашањето според важноста да ги дефинираат правата, тие ги навеле слободата на изразување, слободата на здружување и правично судење. Што верувам дека се должи пред се на политичката криза и на шарената револуција дека е споменато и правото на слобода на здружување“, изјави Уранија Пировска, Хелсиншки Комитет.

Анкетата покажала и голема доверба во граѓанскиот сектор, односно дури  65% од иситаниците рекле дека граѓанските организации треба да придонесат во реформите за пристап во ЕУ со свои предлози. Истражувањето е спроведено на почетокот од годинава, со вклучени 1200 испитаници по телефон.  За отпочнување на преговорите меѓу Македонија и Европската Унија , најнапред преку поглавјата 23 и 24 кои се однесуваат на правосудниот систем стана збор по последните посети на високи претставници од Брисел на Македонија, кои сугерираа што побрзо формирање влада по изборите во Македонија минатиот декември.

Мирадие Хасани

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР