Бужаровска: Правната сигурност не смее да се стави во теснопартиски или персонален интерес

359
0
АКЦИЈА

Професорката по кривично право и еден од креаторите на новиот Закон за кривична постапка, д-р Гордана Лажетиќ Бужаровска, е децидна дека непотребно се создаваат правни дилеми со цел да се блокира работата на Специјалното јавно обвинителство.

„Се работи за масовно прислушување и повреда на човековите права и слободи на огромен број граѓани, за заштита на тесно-партиски интереси и не смееме да се повикуваме на правни стандарди и заштити, само затоа што тоа некому му одговара. Државните органи се тука да нè заштитат како граѓани,а не себеси и во тој контекст не треба да се бара заштита или да се глорифицирааат некои правни стандарди, само затоа што тоа некому му одговара. Јавниот интерес треба да ги штити граѓаните“, категорична е професорката.

Таа вели дека работата на СЈО не смее никој да помисли да ја блокира или да ја оневозможи бидејќи со прогласување на нешто недозволено се води  кон минирање на мандатот на оваа институција.

„Се работи за зона која отвора многу прашања, па оттука доказите не смее да се прогласат како недозволиви бидејќи на тоа се однесува мандатот на СЈО. Врховниот суд мислам дека ќе заземе соодветен став бидејќи е врв на пирамидата на судскиот систем и заштита на граѓаните“, додава Бужаровска Лажетиќ.

Според неа, тесноправнички толкувања како снимањето да го правел поединец е неприфатливо, па оттаму правната сгурност не смее да се стави во теснопартиски или персонален интерес

Во однос на тоа дали СЈО има право да поднесува барање за заштита на законитоста до Врховниот суд, што е второто правно прашање за кое треба да одлучува Врховниот суд на општа седница,Бужаровска нема дилеми.

„Ме разочара непознавањето на правните норми. Незнаењето на правото може да биде во полза на некој што е неук, но не и на обвинителството.Точно е дека во Законот за кривична постапка не фигурира СЈО, меѓутоа тоа е на исто ниво со редовното обвинителство, кога станува збор за работи од неговиот мандат“,вели професорката.

Таа  потсетува дека постои посебен член во Законот за судовите,кој вели дека кога барањето е поднесено, а не е е изречно наведено, не може да се одбие само затоа што има правна празнина.

„Во секој момент СЈО може да поднесе БЗЗ. За предмет кој го води и оформило СЈО,а не го презеле, не постои ниту една основа редовното обвинителство да поднесе БЗЗ.Се надевам дека Врховниот суд ќе има доблест да не го урниса правниот систем бидејќи ова го знаат и нашите студенти по право“, категорична е Бужаровска Лажетиќ.

Превземено од makfax.com

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР