Експлозија крај автобусот на фудбалерите на Борусија Дортмунд

445
0
АКЦИЈА

Еден фубалер на Борусија Дортмунд е повреден вечерва при експлозија што се случила во непосредна близина на автобусот на овој германски фудбалски клуб, кој тргнувал кон стадионот „Вестфален“ каде тимот треба да ја одигра четвртфиналната средба во фудбалската Лига на шампионите против францускиот клуб Монако.

На налогот на социјалната мрежа Твитер, клубот го потврди инцидентот, додавајќи дека при експлозијата е повреден играчот Марк Бартра, кој е пренесен во болница.

– Нашиот автубус се се соочи со инцидент при поаѓањето кон стадионот. Едно лице е повредено. Следуваат повеќе информации, се вели во објавата на клубот.

Инцидентот се случил на 10 километри од стадионот во Дортмунд. Според клубот експлозивна направа била детонирана во непосредна близина на предниот дел од автобусот.

Непотврдени информации на локалните медиуми велат дека Бартра не е во критична состојба и дека почетокот на мечот е одложен, но нема потврда за откажување на натпреварот.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР