Шкендија во топ 100 клубови во светот, 8-ми на Балканот за 2016

521
0
АКЦИЈА

Тетовскиот прволигаш  Шкендија, го постигна најдобриот ранкинг за 2016, во историјата на македонскиот фудбал.  За првпат, еден клуб од Македонија се најде меѓу првите 100 екипи во светски рамки, според учинокот на домашна и европска сцена. „Црвено-црните“од вкупно 400 рангирани клубови, ја делат 97-та позиција меѓу ТОП 100, заедно со хрватски Хајдук, норвешки Розенборг, и клубот Ал Ахли од Саудиска Арабија. На оваа топ-листа Шкендија се најде пред лондонски Челси , кој е 102-то место, и пред Интер од Милано кој е на 106-тата позиција. Прв на листата ТОП 100 е Атлетико Национал од Колумбија. Портпаролот на тетовска Шкендија вели дека ова е големо признание.

„Сигурно дека рангиранњето на Шкендија на 97-та позиција во ранг листата на Институтот за фудбалска статистика и историја е едно признание за сето тоа што се работи во нашиот клуб , ова е едно големо постигнување, што покажува дека работите идат кон подобро, но секако дека има уште многу да се направи, нормално дека е гордост кога со тоа што го работиш успеваш да ја направиш својата земја и својот народ горд“, изјави Фатон Зулбехари, портпарол на Шкендија.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР