Мандатот во вила Водно, Иванов во Будимпешта – Патувањата на претседателот, бегање од одговорноста

419
0
АКЦИЈА

Не е разумно претседателот во една ваква политичка криза да патува надвор од државата и да праќа несоодветни пораки од земјите со авторитарни режими, вели претседателот на Евро-атлантскиот совет, Исмет Рамадани. Според него, Иванов ја држи земјава во заложништво, бидејќи не ги извршува неговите уставни должности.

„Ако се земе во предвид ситуацијата која е многу напната, каде е доведена во прашање и безбедноста,  еден сериозен претседател на држава, кој има одговорност кон своите граѓани и државата, не би планирал посети токму сега. Дури можам да кажам и сомнителни посети, бидејќи тој не се сретнува со личности кои знаат што значи демократија“, изјави Исмет Рамадани.

Башким Бакиу од Институтот за истражување на политики и добро владеење, оценува дека средбите кои ги прави Иванов со претставници на држави со авторитарни режими, во ваква ситуација се диригирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е еден неодговорен чекор на Иванов. Неговите посети кој тој ги реализира во еден период кога државата се наоѓа во политичка криза, кога државата има потреба за претставник и за државник кој за жал не ги прави претседателот на земјата. Но, не треба да не чуди едно вакво нешто бидејќи не се случува за прв пат. Мислам дека  ваквите постапки на претседателот се диригирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Башким Бакиу.

Тој рече дека во една ваква ситуација без Влада и без претседател на Собранието, Иванов не треба да патува надвор од државата, заради уставните и институционалните обврски кои ги има. Претседателот Иванов минатата недела беше во Азербејџан, а денеска замина во еднодневна посета на Унгарија.

Арменд Мурсели

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР