Жителите на Батинце загрижени – Дали има контејнери со опасен хемиски отпад во „Дрисла“?

1143
0
АКЦИЈА

Жителите на село Батинце, се кренаа на нозе по веста објавена пред неколку недели во Италијанските медиуми, во која што пишуваа дека контејнери со хемиски отпад се донесени во депонијата “Дрисла“.  Тие барат од Јавното Претпријатие “Дрисла“ и од одговорните институции да кажат дали е вистина или не дека 1.300 контејнери со хемиски отпад, од Италија се донесени во оваа депонија.

Според жителите, оваа депонија ги загадува воздухот и водата, и ова е една од причините поради која што многу млади да заболуваат и умираат од канцер.

Влегувањето во депонијата беше проследено со расправија помеѓу жителите и обезбедувањето. Откако ги поставија своите барања, едно од раководните лица на депонијата одлучи да се сретне со нив.

Шефкет Ибиш, кој е еден од раководителите во “Дрисла“ негираше дека 1300 контејнери од Италија се донесени во оваа депонија.

Министерот за животна средина, Башким Ахмети вели дека нема место за паника.

Италијанскиот портал “Pianeta Italia News” и весникот “Roma”,неколку недели порано објавија сторија дека во Македонија е пратен хемиски отпад во 1300 контејнери од Италија преку Албанија. Според тоа што пишува во италијанските медиуми, на овие контејнери им се губи трага на граничниот премин “Ќафасан“. Во сторијата воедно пишува дека претставнци на Италија во Тирана и Скопје, се дел од оваа истрага. Инаку, од 2013 година депонијата „Дрисла“ е под концесија на италијанската компанија “Амбиент“.

Бајрам Мемети

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР