Изнајмување велосипеди од 1 април – Како и од кого демонстрантите изнајмија велосипеди?!

2304
0
АКЦИЈА

Официјалното изнајмување на велосипеди почнува од 1 април, ова беше одговорот од ЈП Градски Паркинг на нашето прашање дали и кога можеме да изнајмиме велосипед.  Дел од поддржувачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија”, минатиот викенд наместо протест одржаа велосипедска тура. Ова немаше да биде чудно, доколку дел од нив не ги користеа велосипедите на Градски Паркинг.

Претходно, градоначалникот на Скопје на прашањето дали демонстрантите од „За заедничка Македонија“ ги изнајмиле велосипедите или ги користеле бесплатно, рече дека било платено.

Од организаторите на протестите „ За заедничка Македонија“ добивме одговор дека велосипедите им биле изнајмени по цена од 10 денари. Но, оттаму не ни кажаа од каде и на кој начин ги изнајмиле.

ТВ 21 се обиде да добие одговор од Градски паркинг, како демонстрантите добиле велосипеди пред да почне рокот за изнајмување, но и по неколку обиди, не добивме одговор.

Елмедина Мјаки

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР