Работнички го доби дербито против Силекс, победи на Вардар и Шкендија

401
0
АКЦИЈА

Водечкото трио на табелата Вардар, Шкендија и Работнички, забележаа победа на натпреварите од 23. коло во Првата лига одиграни попладнево.

Дерби дуелот одигран на националната арена „Филип Втори“ во Скопје, му припадна на Работнички кој со 2:0 го совлада Силекс.

„Романтичарите“ поведоа со голот на Горан Силјановски постигна со удар од 35 метри, кој во 59-та минута го искористи невниманието на гостинскиот голман Вујанац, односно неговата лоша проценка. А, токму по акцијата на Силјановски во 66-та минута Суад Сахити ги постави конечните 2:0 за Работнички.

Лидерот Вардар забележа сигурна победа на гостувањето во Ѓорче Петров против Македонија која ја совлада со 5:0. Гостинска победа оствари и Шкендија која со 3:1 ја совлада Брегалница.

Три бода освоија и фудбалерите на Ренова кои со 2:1 го победија Пелистер, а единствено дуелот Победа – Шкупи заврши без победник 1:1.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР