Баерн против европскиот шампион Реал Мадрид

352
0
АКЦИЈА

Европскиот шампион Реал Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналето од Лигата на шампионите ќе гостува кај германскиот шампион Баерн.

Ова е најатрактивната двојка од денешното извлекување одржано во Нион на осумте најдобри екипи оваа сезона во Лигата на шампионите.

Вториот германски тим Борусија Дортмунд за влез во полуфиналето ќе игра против францускиот тим Монако.

Италијанскиот шампион Јувентус за ривал ја доби екипата на Барселона, додека Атлетико Мадрид ќе игра против англискиот првак Лестер.

Првите натпревари се закажани за 11 и 12 април, а реваншите се закажани за 18 и 19 април.

Во Лига Европа пак најголемиот фаворит за пехарот Манчестер Јунајтед во четвртфиналето за противник го доби белгискиот Андерлехт и во првиот натпревар ќе игра на гости.

Шпанската екипа Селта за ривал го има вториот белгиски тим Генк.

Поранешниот европски првак Ајакс за противник го доби бундеслигашот Шалке, додека Олимпик Лион ќе игра против Бешикташ.

Првите четвртфинални натпревари се играат на 13 април, додека реванш дуелите се закажани за 20 април. Извлекувањето на двојките за полуфиналето ќе се одржи на 21 април. 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР