Челзи преку Јунајтед до полуфиналето на ФА Купот

375
0
АКЦИЈА

Челзи се пласира во полуфиналето на ФА Купот на Англија, откако синоќа на „Стемфорд Бриџ“ го победи Манчестер Јунајтед со 1:0.

Победничкиот гол за „сините од Лондон“ го постигна францускиот интернационалец Н’Голо Канте во 51.минута.

Манчестер Јунајтед на овој меч настапи ослабен без својот најдобар фудбалер Златан Ибрахимовиќ кој одработува суспензија од три натпревари.

Челзи од 35.минута имаше предност од фудбалер повеќе поради исклучувањето на гостинскиот играч Андер Херера кој доби втор жолт картон.

Во полуфиналето Челзи на 22 март ќе игра со Тотенхем, а следниот ден (23 март) Арсенал го пречекува Манчестер Сити во другата полуфинална пресметка.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР