Могерини реферира за Македонија – Состојбата напната, потребна е силна поддршка

1930
0
АКЦИЈА

„Сите политички лидери имаат одговорност да ја омекнат реториката и да не дозволат ситуацијата да прерасне во меѓуетнички или геополитички конфликт. Ова е комплексна земја, во комплексен регион и не ни е потребен оган“, изјави Фредерика Могерини.

Со ваква порака високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини минатата недела замина од Скопје по нејзината балканска минитурнеја. Денеска, пред 28 министри за надворешни работи на земјите од ЕУ ги повтори заклучоците. Според неа, состојбата на Западен Балкан е многу напната.

 “Ќе ги известам денеска министрите, а подоцна во текот на неделата и премиерите за ситуацијата која е полна со тензии и којашто е изложена на внатрешни, регионални, но и глобални предизвици. Но, тоа е регион кој има капацитет и сила да реагира и да запре такво нешто, под услов да постои веродостоен евроинтеграциски процес, а тоа е дел од нашата работа. Од Советот на министри, но и лидерот на ЕУ очекувам да изразат јасна и силна поддршка за Западен Балкан со цел кредибилни евроинтеграциски перспективи”, изјави Фредерика Могхерини.

Шефот на Холандската дипломатија Берт Кундерс побара да се намалат тензиите во Македонија и да се почитува парламентарното мнозинство, а ЕУ да покаже единство.

“Сметам дека мора да се почитува парламентарното мнозинство и треба да се потенцира важноста, за работите во земјата да се одвиваат без вербална агресија. Тоа мора да се реши од самата земја. Отворени сме за движењето на Македонија кон ЕУ и НАТО , но ова мора да се реши на мирен начин“, изјави Берт Кундерс.

Унгарскиот министер за надворешни работи,Петер Сијарто, побара од шефовите на дипломатијата на земјите членки на Советот за надворешни работи на ЕУ, да ја осудат т.н. албанска платформа мешањето на странски премиер во внатрешните работи на соседната држава.

Повикот на Могерини до Советот за безбедност на министри за надворешни работи на ЕУ, внатрешната криза да не прерасне во геополитички проблем, според Симонида Кицарска од Институтот за Европска политика говори дека Западен Балкан е фрлен во заборав.

 “Во рамките на Советот на министри, каде беше презентиран рапортот има различни ставови околу тоа како треба да се решат проблемите на Балканор. На една страна се ставовите на Унгарија и Австрија, а на спротивната страна  се ставовите на Германија и Велика Британија“, изјави Симонида Кацарска.

Лупчо Петковски од Центарот за Европска стратегија, вели дека ЕУ е загрижена, внатрешните проблеми на земјите од Западен Балкан да не прераснат во геополитичка криза помеѓу големите сили.

 “Акцентот за кризата е ставен врз гео-политичкиот контекст, имајќи ја во предвид опасната игра која Русија ја игра на Балканот за да создаде хаос и потоа да го употребува тоа како “решавање на своите сметки“ . Ова се прави со цел да за да се спасат челните лица на државата, кои се плашат од  последиците  на нивните постапки во овие последни години“, изјави Љупчо Петковски.

Усвоените заклучоци на Советот за надворешни работи на ЕУ ќе бидат основа за извештајот за Западен Балкан на лидерите на 28-те земји членки кои треба да го усвојат на 9 и 10 март во Брисел.

Аднан Ќаили

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР