Урбан Таг: Водителот Кристијан Ландов на тетовирање кај Борис Костов

1270
0
АКЦИЈА

Тетоважите стануваат многу популарен начин за себеизразување, особено кај младите луѓе, кои лесно ја прифатија оваа мода за потенцирање на одредени аспекти од нивната личност, преку боење на кожата со некој цртеж со симболично значење за нив. Тетовирањето се врши насекаде низ светот, а доколку вие се решите да ставите тетовања, препорака без предомислување ви даваме тоа да го направите кај Борис Костов од студиото „Mixed Ink“.

Велат, првото тетовирање може да биде застрашувачки процес, посебно ако претходно доволно не сте се подготвиле и запознале со самото дејство. Еден од врвните мајстори за тетоважи во нашите граници и пошироко, Борис Костов, вели дека кога ќе се одлучите за некој дизајн, треба да дознаете каде е најдобро да го направите, кој ќе го изработи, кои мерки на претпазливост треба да ги имате предвид и како потоа да се грижите за тетоважата.

Откако ќе ја направите првата тетоважа, треба соодветно да се грижите за неа. Според експертите, за неа треба да се грижите како за отворена рана. Местото честопати треба да се измива со вода и благ сапун, а потоа да се исуши со мека хартија, додава Борис.

Во студиото „Mixed Ink“ се тетовираше и водителот Кристијан Ландов, неговото искуство низ прилогот емитуван во „Урбан Таг“

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР