Ромите имаат потешкотии за излез од земјата, за невладините се работи за дискриминација

428
0
АКЦИЈА

Семејството Арифовски од Скопје беше подготвено да патува  во Бугарија. Но, на излезот од Македонија им било реќено дека не можат да ја преминат границата. Од 2010 до 2016 година повеќе од 20 илјади лица на сличен начин биле оневозможени да излезат од Македонија.   90% од нив се Роми.

21 судска постапка против Министерство за Внатрешни Работи, за дискриминација на Ромите покрена невладината организација КХАМ-Делчево. Директорот вели дека шест постапки веќе се решени во нивна полза . Од другата организација со слична мисија, Институт за европска политика,  велат дека дискриминацијата во последните две години е намалена:

По укинувањето на визниот режим за македонските државјани за влез во Шенген зоната од Европската Унија, во 2009 година, неколку европски земји изразија загриженост поради зголемениот број баратели на азил од земјава.

Во повеќе наврати македонски државјани беа враќани од Германија, Белгија и други земји, главно Роми чии барања за азил биле одбиени. Од тогаш европските власти вршеа пририсок врз администрацијата во Македонија да води поголема контрола при излез од земјата на луѓе кои потенцијално можат да бидат баратели на азил.

Сабина Љазумова

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР