Половина деца Роми без образование – Се откажуваат од училиште по првото полугодие

346
0
АКЦИЈА

Децата Роми кои се запишуваат во прво одделение најчесто остануваат во училишните клупи само во првото полугодие, и потоа се откажуваат. Дури  50%  го прекинуваат образованието од разни причини, меѓу кои непознавање на јазикот, но и неможноста да одговорат на сите барања во текот на наставата:

“Се откажуваат не продолжуваат поради незнаење на македонски јазик, заради неможноста да се вклучат во тој образован процес.”, изјави Монсињор Антон Циримотиќ-Директор на Македонски Каритас.

За да ги зголемат шансите на децата Роми за посеопфатно образование, хуманитарците од организацијата Каритас, финансиски помогнати со донација од Полска , заокружија проект за нивна поголема интеграција во образовниот процес.  Со износ од 16.000 евра направена  е делумна модернизација на училишната зграда на Каритас во која учат околу 100 деца:

“Колку што ми е познато околу 100 ромски  деца доаѓаат овде и престојуваат, тука доаѓаат да учат и да ги реализираат своите соништа”, изјави Јацек Мултановски- Амбасадор на Полска.

Освен децата во Шуто Оризари , без образование се останати и околу 150 деца кои живеат во импровизираната ромска населба под скопското Кале. Според Законот за основно и средно образование,  родителите кои не ги носат нивните деца во основно и средно училиште се соочуваат со казна.

Елмедина Мјаки

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР