Заев не го прочитал предлог законот на ДУИ – СДСМ ќе го анализира нацртот со експерти

1492
0
АКЦИЈА

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија попладнево изјави дека се уште не го прочитал документот испратен од ДУИ. Причината била што нацрт-законот за албанскиот јазик интегративците го доставиле до Бихаќка на полноќ. Заев лично не бил запознаен со содржината на документот, но вели дека работна група составена од Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска, Рената Дескоска заедно со голем број експерти од партијата и надвор од неа го разгледуваат материјалот.

„Го немам видено. Синоќа на полноќ стигна. Од сабајле се овие активности отворени. Работната група, составена од Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Рената Дескоска, а потпомогната од доста експерти од партијата и надвор од неа, веќе работат на материјалот. Првата работа која ја гледаме при вакви договарања е Уставот и дали е во рамки на Уставот. Втора работа, дали е вистинска практична потреба на граѓаните. Да не биде само хир, да не биде само политизација, конечно да ги решиме овие работи за да може да продолжиме натаму“, изјави Зоран заев.

Што содржи нацрт-законот за албанскиот јазик не сакаа да откријат ниту Заев, ниту од партијата на Али Ахмети, иако од нив побаравме одговор да ни презентираат детали од содржината на законот. Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу смета дека потребно е проширување на законот за употреба на јазиците.

„Тој Закон сте го донеле вие. Вие сте го донеле што не значи дека е во ред. Тој закон треба да се прошири“, изјави Алберт муслиу.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во текот на вчерашниот ден најави дека до СДСМ ќе испратат нивен предлог закон за употребата на албанскиот јазик, откако од социјалдемократите добија писмен предлог за оваа точка од преговорите за состав на влада. Ахмети воедно порача дека предлозите за албанскиот јазик ќе го дадат албанските партии.

Антонио Крстевски

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР