Чиј лидер треба да оди во затвор? – Препукувања помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

1182
0
АКЦИЈА

ВМРО-ДПМНЕ повторно го обвини лидерот на СДСМ Зоран Заев за поткуп порачувајќи дека првиот човек на социјалдемократите треба да заврши зад решетки. Драган Данев вели дека според член 357 од кривичниот законик Заев треба да одлежи казна затвор од пет години за поткуп.

„Не е тука повеќе Бранко Црвенковски за да го аболицира за 8-те милиони евра во случајот „Глобал“, ниту пак може некоја нова Катица Јанева да го аболицира покрај евидентните докази кои ги знае целокупната јавност. Значи во моментов на аболицираниот криминалец Зоран Заев му следи вкупна казна од 9 години доколку биде прогласен за виновен за двете дела за кои е обвинет“, изјави Драган Данев – ВМРО-ДПМНЕ.

Возвратија од СДСМ. Социјалдемократите порачуваат дека над 612.000 граѓани дадоа поддршка за промени, правда и живот. Според нив лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и раководството на партијата имаат страв дека ќе завршат зад решетки.

„Разбирлив е стравот на Никола Груевски и на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност и од затвори, но на тоа мора да мисли секој кој краде пари на граѓаните и прави злодела. Никој повеќе за партиски и лични интереси нема да ги става на пазар и во ризик животите на граѓаните и државните интереси на Македонија“ – соопштија од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека правдата ќе го стигне Заев и  членовите на раководството на СДСМ и останатите кои се огрешиле пред законот. А пак од СДСМ велат дека Македонија ќе биде правна држава, со квалитетен животен стандард.

Арбана Ќерими

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР