Штрајк на новинарите на МПМ – „Утрински“, „Дневник“ и „Вест“ со редуцирани изданија

387
0
АКЦИЈА

Неколку десетини новинари од трите дневни весници денеска наместо да ги пишуваат своите стории, излегоа во дворот на зградата каде што се сместени редакциите на Утрински весник, Дневник и Вест. Велат дека уште од ноември се обидуваат да постигнат договор со менаџментот, компанијата Медија Принт македонија, во врска со задоцнети плати и хонорари, но не им успеало:

„ Сите можности и варијанти беа отворени за комуникација, доставувавме дописи, но немавме одговори. Кога стигна одлуката дека ќе се штрајкува, го испочитувавме рокот од две седмици, со надеж дека ќе има одговор од другата страна и не дојде до тоа.“, изјави Љубиша Станковиќ.

Револтот на новинарите од трите весници е голем,  поради доцнењето на платите и хонорарите, веат од Самостојниот синдикат на новинари на Македонија:

„Причината поради која дојдовме во ваквата ситуација  е бидејќи една година наназад, раководството на МПМ доцни со плати на нашите колеги. Како што сум информиран, им доцнат и плати и хонорари, по еден и пол плата и хонорар, а иритира односот на МПМ кон Синдикатот и не сака да разговара на оваа тема“, изјави Владо Апостолов.

Здружението на новинари на Македонија го поддржа штрајкот и очекува позитивна разврска.  Директорот на МПМ, Срѓан Керим, уште во ноември, кога новинарите прв пат јавно го изразија своето незадоволство поради страв од можни отпуштања на новинари, изјави дека Утрински весник работи непрофитабилно, поради што компанијата е принудена да преземе мерки за штедење.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР